Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски излезе со контрапредог до првиот вицепремиер Артан Груби и порача без техничка влада да се оди на брзи предвремени парламентарни избори во мај.
Груби претходно излезе со предлог во Собранието да се донесат уставните измени и како втора точка да се распушти парламентот и да се распишат избори.
„Факт е дека Македонија има проблем, факт е дека тој проблем владата на ДУИ поддржана од СДСМ го донесе, а потврда на тој факт е дека условно кажано најпроевропската влада во Македонија има најмала поддршка за членство на Македонија во ЕУ. Затоа јас има контра предлог до нив, да не ја мачат македонската јавност, да престанат да крадат, да се охрабрат и ако мислат дека добро правеле изминативе години и изминативе месеци, еве во мај, не мора 100 дена техничка влада, еве и тоа им го овозможуваме, да одиме на избори и секоја политичка партија да понуди решение за проблемот во кој што ја втурнаа Македонија. Во спротивно само ја продолжуваат агонијата, Македонија ќе тоне и да тие ќе бидат побогати, но за жал еден ден тоа богатство од глава ќе им се удри“, истакна Мицкоски.