Одговарајќи на новинарски прашања, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека Али Ахмети продолжува со насилничко однесување и со еднонационална агенда.
-Се гледа дека едно националната агенда е негов приоритет. Не се приоритет реформите кои што ќе значат квалитет во животот на сите граѓани во Република Македонија. Продолжува со насилничкото однесување. Продолжува да ја наплаќа концесијата која што Зоран Заев ја има кон Ахмети, а тоа е резултат на ова 10 месечно катастрофално владеење во Република Македонија. Како човек како интелектуалец, се разбира насилство и закани не можам да оправдам. Ниту ова го оправдувам. Навистина ме чуди како не можат некои луѓе да се стават над ситуацијата и да ги гледаат интересите на сите граѓани во оваа држава, на сметка на интересите на една нација. Со еден збор, трагично е тоа што го слушам, рече Мицкоски за изјавата на Ахмети дека потпишан од Иванов или не, Законот за јазиците ќе почне да се применува.