Ахмети одамна го има поминато рубиконот и тие неколкумина околу него кои го советуваат и мислам дека прави голема грешка. Прво создава револт кај Албанците кои се анти ДУИ, што не се задоволни од политиката на ДУИ, бидејќи ги злоупотребува Албанците и се обидува да наметне монопол на македонската политичка сцена. Дополнително мобилизира анти ДУИ расположение кај албанските гласачи и тие во голема мера ќе го гласаат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ и професорката Силјановска“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во Дневникот на ТВ Сител во „Тема на денот“.
-Втората грешка е што човекот кој се колне во условно кажано европските вредности покажува на отворена сцена едно недолично, некултурно однесување, навредува и мислам дека на сите им е јасно за каква личност во суштина станува збор. Жалам што на крајот од својата политичка кариера наместо идеолог тој го покажува сиот свој примитизам во полн ек, но тоа е претпоставувам негова одлука и одлука на тие што го советуваат. Трето, жалам што исто така криминалот кој го објавуваме на јавноста, а кој е поврзан со ДУИ или семејството Ахмети тој го претставува како одбрана на албанските национални интереси и пропушта шанса да ако се претставува како човек кој бара право да важи, да има правдина во Македонија тогаш треба ова се да го осуди, но за жал тој не само што не осудува туку тој се претставува како голем заштитник на сето ова, криминалот на семејството Ахмети и на првенците на ДУИ дури и најголемиот дел од Албанците во Македонија со презир го отфрлаат и го одбиваат да го прифатат“, вели Мицкоски.
Мицкоски продолжи и додаде дека сето ова кога се става на едно создава страв и паника кај Ахмети од резултатот и поразот кој следи.
„Сето ова кога ќе се стави на едно тогаш се создава кај него страв и паника од резултатот и поразот кој следи на следните избори. Чувството дека после 20 и кусур години ќе биде во опозиција, но и стравот дека кога ќе е во опозиција ќе не може да ги користи методите кои ги користеше досега ДУИ предводена од него и стравот дека наместо како идеолог како што пледира да се претстави забарикадиран во тврдина со камен ќе биде еден обичен ситен криминалец и така ќе заврши својата политичка кариера. Мислам дека млекото и кексите ќе му преседнат многу скоро“, дециден е Мицкоски.