671
Зборувајќи за изјавите на функционери на власта дека во ВМРО-ДПМНЕ има проевропско крило кое би гласало за уставните измени, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на МРТ постави контра-прашања: А, да не имаме ние пратеници за ново мнозинство?
-Па не дека најавувам ново мнозинство, но како што тие најавуваат дека преговараат, и ние имаме право да работиме на ново мнозинство да ја урнеме власта. Нормално дека работиме на тоа, има конкретни чекори. Само внимаваме да не има нов Кастриот. Разговараме со неколку од 120-те пратеници, рече Мицкоски.