Мицкоски: 95 отсто од имињата на листите се нови

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва ги претстави листите со кои партијата ќе настапи на претстојните избори.

-ВМРО-ДПМНЕ на овие избори излегува со голем број нови имиња. Идниот пратенички состав, а и идната влада ќе ја сочинуваат нови имиња, а докажани индивидуи. Над 95 проценти се луѓе кои прв пат ќе бидат на листите. Сакам да им се заблагодрам на досегашните пратеници, рече Мицкоски.

Тој рече дека очекува овие нови имиња да ја донесат најголемата победа на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости