Мицевски: Во кое својство Џафери присуствуваше на партиски настан на ДУИ?

by Fokus

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски го прашува претседателот на Собранието, Талат Џафери во кое својство присуствувал на информативната средба „Заедно за Европа“ на претседавачот на ДУИ, Али Ахмети, со граѓаните во Гостивар.

– Дали сме сведоци на ново грубо кршење на Уставот од страна на Талат Џафери? Според член 67, став 3 од Уставот: Функцијата Претседател на Собранието е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија. Дали Талат Џафери на информативната средба „Заедно за Европа“ на претседавачот на ДУИ, Али Ахмети, со граѓаните во Гостивар, во средното техничко училиште, присуствуваше како член на Централниот одбор на ДУИ или како претседател на Собранието?, прашува Мицевски на својот профил на Фејсбук.

Поврзани новости