343
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски денеска изјави дека владејачкото мнозинство во Собранието во моментов само себе се блокира бидејќи нема 61 пратеник за одржување седници.
-Зголемување на мнозинство од почетокот на годината јас не видов. Парламентот не може да собере 61 пратеник за утврдување на дневен ред и почнување на одредена седница. Разговори гледаме дека има кога ќе завршат ќе се произнесеме. Наше мислење е дека во моментов немаат 61 пратеник и дека Собранието не работи, односно активна блокада на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ моментално е ставена во мирување. Сами себе се се блокираат затоа што немаат 61 во Собранието, рече Мицевски.