Мицевски вели дека немаат притисоци од Власта за уставните измени

by Fokus

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека измени на Уставот под бугарски диктат не се можни и нема да ги поддржат на претстојната пленарна седница на 18 август каде што ќе се дебатира за вметнување на Бугарите во Преамбулата.

Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека на претстојната пленарна седница ќе ги повторат своите ставови дека власта турка процес кој што не е поддржан од граѓаните.

„Оваа седница ќе биде добра можност да се увери целокупната јавност дека власта цела една година лаже, манипулира и сее магла околу уставните измени и дека не се ни блиску до уставни измени,“ изјави Мицевски.

Тој објасни дека во петок пратениците ќе учествуваат на седницата, и ќе ги повторат своите аргументи кои веќе ги споделија на собраниската комисиска расправа. Тој оекува да биде ставен предлогот на гласање за конечно да се види дали СДСМ и ДУИ имаат гласови од 80 пратеници потребни за отворање на Уставот Мицевски тврди дека нема притисоци врз пратениците за да се согласат на уставни измени.

Поврзани новости