392
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во вечерашното гостување во вестите на Сител ТВ говореше за работата на пратениците од неговата партија во Собранието.
„Ние ќе продолжиме со работа како и до сега, да го спречиме непродуктивното и нефункционалното работење на Собранието. Очекуваме Собранието во наредниот период да ги надмине „детските болести“, а тоа е непринципиелно толкување на Деловникот и дека ќе се намалат бројните уцени на владејачкото мнозинство, затоа што видовме како заврши последната пленарна седница“, рече Мицевски.