Мицевски се налути на новинари: Се работи за оркестриран напад кон мене!

by Fokus

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски упати критики кон новинарите од Радио Слободна Европа, поради како што вели, извртување на наслов на интервју. Притоа, тој потенцираше дека неговата партија нема да поддржи уставни измени.

„Уставни измени нема да има и ПГ на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за промена на Уставот.  Најостро и најкатегорично ја отфрлам грубата манипулција и извртување на вистината која што одредени портали пред малку ја пласираа во јавноста.

Имено, станува збор за мое интервју дадено за “Радио Слободна Европа”, во кое што јасно и недвосмислено говорам за негаторските и асимилаторските политики и негативни последици од штетниот договор со Бугарија. Во ова интервју многу јасно се гледа кои се моите одговори на новинарските прашања, и многу јасно се гледа и слуша дека тие целосно се извадени од контекст и пренесени во јавноста, со делумно изменета и скратена содржина.  Искрено, не би сакал да се мешам во новинарската професија, но можам да заклучам дека ваквиот проблематичен наслов е изваден од контекст и креиран од пола реченица кој асоцира на нешто друго, без притоа да се пренесе и вториот дел од реченицата, каде што велам дека ние “сме против условувњата кои доаѓаат од Договорот со Бугарија…”

Нагласувам, вакво тенденциозно и непрофесионално новинарско однесување и пренесување на моите ставови, нема да ги дозволам и прифатам.

Дека се работи за оркестриран напад врз мене како пратеник и Координатор на П.Г на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија, но како и врз ВМРО-ДПМНЕ, потврдува тоа што изминативе денови целата македонска јавност е сведок на паничните и очајните обиди за креирање раздор и дефокусирање на вниманието од реалните проблеми и криминали на власта. Дополнително, порталот “Радио Слободна Европа” очигледно ја увиде грешката и го промени насловот на интервјуто, но штетата од ваквото непрофесионално однесување веќе е направена.  Токму затоа, барам овој демант во целост и веднаш да биде објавен“, вели Мицевски.

 

Поврзани новости