Мицевски: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се во Собранието, на потег е власта да закаже итна седница

by Fokus

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се во Собранието, бараме итна седница, рече на прес конференција координаторот на пратеничката група на вМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски откако претседателот на Собранието Талат Џафери на брифинг со новинарите повтори дека нема да закаже посебна седница.

– Од тие причини, како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш, од оваа говорница бараме од СДСМ, Зоран Заев и владејачкото мнозинство веднаш да закажат итна пленарна седница на која што заедно ќе ги разгледаме и едногласно ќе ги изгласаме законите од таканаречениот петти пакет мерки поврзани со финансиската помош за граѓаните и компаниите. Во овој момент, на оваа прес конференција позади мене се присутни сите пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата кои се подготвени да бидат присутни и да дадат целосна поддршка за овие закони доколку власта конечно се вразуми и одважи да ја закаже седницата – рече Мицевски.

Поврзани новости