Денеска започна расправата во Собранието за интерпелацијата на министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека Димитров е неспособен да си ја врши својата функција.
„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалиција ја поднесоа оваа интерпелација за работењето на Димитров, сметаме дека функцијата ја извршува несовесно и спортивно на македонските интереси. Сакам да потенцирам дека Димитров ја навреди македонската нација. Димтров од оваа нација ја нарече комплексирана. Тој го наруши угледот и достоинството на народот, целата нација. Неприфатливо е вака да ги навредува граѓаните на државата. Димиров не беше ниту доблесен во врвот на ваквите вредности. Димитров не ги штити и работи спортивно на државните интереси. Откако стапи Димитров на функцијата, Македонија постојано трпи на надворешен план, понижувајќи се пред соседите. Сето ова Димитров сака да го сервира како некаква победа, а прв пораз е штетниот Договор каде главен преговарач е Никола Димитров“, истакна Мицевски.