651
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, Никола Мицевски денеска на прес конференција информираше дека од утре стартува активната блокада во Собранието.
„Таа е последица, реакција на акцијата на владата на Ковачевски, предводена од СДСМ и ДУИ кои не покажаа чувство за државност и одбија секаква можност на дијалог по најважните прашања во оваа држава. Блокадата следи откако Ковачевски и Владата одбија дијалог во четири клучни области за граѓаните – економија, здравство, образование и меѓународна политика со акцент на блокадите од Бугарија“, порача Мицевски.