Мицевски: Од 273 закони, опозицијата блокирала само 10

by Фокус

Власта не функционира добро уште од првиот ден на формирањето на парламентарното мнозинство, бидејќи власта нема стабилно мнозинство, а показател за тоа се 62 пратеници кои што во најголем дел од седниците не можат да присуствуваат на расправите и со тоа кворумот се нарушува, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

-Тоа значи дека блокадата на Собранието не е од страна на ВМРО-ДПМНЕ, туку од страна на СДСМ и ДУИ, кои пред очите на јавноста покажуваат дека долг период не соработуваат и немаат консензус за одлуките во Собранието – вели Мицевски.

Тој посочува дека од вкупно 273 закони во Собранието од опозицијата се блокирани само 9 или 10 закони, што, според него, не претставува блокирање на Собрание, туку несогласување по одредени прашања.

Поврзани новости