Мицевски: Не го бојкотираме Жан Моне процесот

by Fokus

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не беше консултирана за точниот датум за одржување на продолжението на дијалогот во рамките на Жан Моне процесот. Од она што го имам како информација е дека денеска се разговарало за измени кои би можеле да значат заобиколување на работата на комисиите, изјави денеска координаторот на пратеничката група на опозициската партија Никола Мицевски.

Мицевски демантираше дека ВМРО-ДПМНЕ го бојкотира Жан Моне процесот, нагласувајќи дека тие се најактивниот учесник во овој процес.

-Би сакал да демантирам одредени медиуми дека ВМРО-ДПМНЕ бојкотира. Апсолутно не, ВМРО-ДПМНЕ е најактивниот учесник во донесувањето односно работа на изгласување на новите измени на Деловникот кој што постои. Зошто власта го одбра токму денешниот ден кога веќе беше укажано и алармиравме дека имаме претходно закажани состаноци и средби не знам, но од она што го имам како информација за која што се зборувало на овој Жан Моне процес, е дека денеска се разговарало за одредени измени коишто би можеле да значат заобиколување на работата на работните тела односно на комисиите, рече Мицевски.

Поврзани новости