Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, на пултот на спикерот Талат Џафери му остави на премиерот Зоран Заев неколку пенкала во различна боја со цел, како што рече Мицевски, Заев да не се збуни кога ќе потпишува документи како премиер и министер за финансии.
-Во владата останаа клучните министри за тендери и скандали. Зошто не беше сменет Оливер Спасовски, чија работа е проследена со нерешени убистван и насилства, неовластено прислушување… Зошто не е сменет Кочо Анѓушев, кој е одговорен за катастрофалната економија. Зошто не е сменета Радмила Шеќеринска, со оглед дека во одбраната има сомнителни набавки, а војниците носат искинати униформи и чизми? -праша Мицевски.
Според него, сите министри покажале дека немаат капацитет за водење на министерствата, но, додаде тој, ниту новите не влеваат надеж дека ќе бидат подобрени состојбите во нивните ресори.