Мицевски: Денеска стана јасно кој блокира, кој не се грижи за здравјето на граѓаните

by Fokus

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денеска одржа прес-конференција на која појасни што се случило денеска на средбата меѓу координаторите на пратеничките групи со претседателот Талат Џафери.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ предложиле на утрешната седница да го поддржат носењето на законите со тоа што ќе бидат на седницата и ќе обезбедат кворум.

„Денес стана јасно кој блокира, кој не се грижи за здравјето на граѓаните. Додека смртните случаи се зголемуваат, и откако се покажа дека власта е неспособна да обезбеди вакцини, СДСМ единствено што ги интересира е како да профитираат. Играјќи игри, на секој начин се обидуваат да избегнат одговорност и да ја обвинат опозицијата. Не се блокирани овој сет економски мерки од ВМРО-ДПМНЕ, туку од СДСМ и од ДУИ. Упатувам апел до сите пратенички групи да разберат дека треба да се борат интересите на граѓаните на Македонија, и овој пакет закони е за нивниот бенефит, а не да бидат послушани од погубните политики“, рече Мицевски.

Поврзани новости