Мицевски: Датумот предложен од Заев е физички неостварлив

by fokus

Пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ вечерва изјави дека партијата останува на претходните ставови околу изборите.

-Датумот којшто беше фиксно предложен од Заев е реално и физички неостварлив. Во интерес е на државата да има дата со кога ќе нема опасност за здравјето на граѓаните, ќе има фер избори, мониторирани од набљудувачи, а тоа во моментов е неостварливо, рече Мицевски во гостувањето на отвореното студио на ТВ 24.

Тој изјави дека не се согласува со тврдењето на Владата дека ситуацијата е под контрола и оти „неконтролата“ на граничните премини на почетокот на кризата и спората реакција на Владата придонеле да дојдеме во оваа ситуација.

Поврзани новости