Мицевски: Албанците од Тетово и Дебар не се иселуваат од Македонија поради Мицкоски!

by Fokus

Низа критики и обвинувања има денеска на седницата за пратенички прашања во македонското Собрание. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски истакна дека неговиот лидер, Христијан Мицкоски нема вина за иселувањето на Албанците од земјава.

„Албанците од Тетово и Дебар не се иселуваат од Македонија поради Христијан Мицкоски. Народот нема леб да јаде, сиромаштија владее во државава и луѓето едвај преживуваат. Мицкоски не е крив за тоа. Крива е власта која е во Македонија веќе шест години“, рече Мицевски.

Поврзани новости