621
ВМРО-ДПМНЕ ќе дејствува институционално, ама нема да му дава поддршка на мнозинството за обезбедување кворум за работа на парламентот, најави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во вечерашното гостување на Сител.
-Ние како опозиција ќе бидеме присутни, ќе дејствуваме во рамки на Парламентот, институционално, но во никој случај да не се потпираат на обезбедување кворум и да не ја обвинуваат опозицијата за нефункционирањето на институциите, вели Мицевски.
Тој додаде дека парламентарно мнозинство од 62 пратеници е многу тенко, кога за кворум е потребно присуство од најмалку 61 пратеник.