Граѓаните треба повеќе да конзумираат канабис наместо цигари, алкохол и наместо сите останати психотропни супстанци и психотични дроги кои имаат докажано негативно дејство врз здравјето, изјави Елена Митровска од Здружението „Билка“ по соопштението од Владата за легализација на марихуаната.
-Вчера ја добив веста дека се оформи работната група во која ќе бидат поканети невладини здрженија, организациии… Ние ја прифаќаме поканата, секако дека ќе учествуваме, но се уште во „Билка“ треба да видиме кој ќе биде нашиот претставник. Јас ќе речам – ај да видиме, да почнеме прво, индивидуално не сум многу возбудена за оваа изјава, бидејќи во период кога имавме конференција во ноември 2020 истата изјава ја даде премиерот Зоран Заев дека е за декриминализација и легализација, ние после конференцијата поднесовме писмено барање за прием кај министерот за здравство, правда и кај премиерот, но немавме одговор. Така што останува да видиме, изјави Митровска во Утрински брифинг.
Таа додаде дека кај политичките партии нема големо расположение за легализацијата.