Митревски: За рационално трошење на природните ресурси неопходна ни е зелената економија 

by Fokus

Ги чувствуваме сите и сме сведоци на истите потребна е зелена агенда но и ние да вложиме напори за да можеме да ги победиме истите, имено оној план за зелена агенда во светот постојано развива е сега како е кај нас. Токму на оваа тема “Фокус” разговараше со Ѓорѓи Митревски од Еко-Свест. Тие како организација го спроведуваат проектот „GEAR – Green Economy for Advanced Region“ финансиран од Европската Унија во рамки на Програмата за поддршка на граѓанско општество и медиуми зa 2016-2017.

 

ФОКУС: Зошто е потребна зелената економија?
Најнапред да кажам дека Еко Свест е активен чинител во оваа област, ние работиме на проект финансиран од ЕУ, проектот ГЕАР или Зелена економија за развој во регионот. Пред да одговорам на прашањето, зошто е важна Зелена Економија, на почеток да кажеме што е Зелена економија? Зелената економија во суштина подразбира „зазеленување“ на економскиот сектор, кој што нанесува огромна штета врз животната средина. Зелената економија денеска сѐ повеќе се гледа како некој принцип на заздравување на светската економија преку креирање на нови работни места, но преку работни процеси во кои одговорно се управува со природните ресурси. Зелената економија е еден поопширен концепт, Зелената економија по својата природа е инклузивна, тоа значи ги вклучува во економските циклуси сите, не само крупниот капитал туку и сиромашните слоеви на општеството, различните локални заедници итн. Зелената економија подразбира одржлив развој, значи користење на одржливи извори на енергија, одржливо домување, одржливо земјоделство итн. Подразбира принцип на одговорно управување со природните ресурси, исто така и со човечките ресурси, во крајна истанца подразбира економија која што значи зачувување на животната средина. Заради сѐ ова зелената економија е важна, да одговорам сега на вашето прашање.
ФОКУС: Споменавте природните ресурси, зошто е важно управувањето со природните ресурси?
Одговорот е очигледен, природните ресурси не се неисцрпни, она што некогаш беше страв на еколошките организации, пред 10тина или повеќе години, денеска е страв на секој еден свесен граѓанин. Денес на сите нѝ е јасно дека природните ресурси не се неисцрпливи,  дека природните ресурси се намалуваат, дека со вака интензивна употреба на природните ресурси во една масовно производно општество, да кажеме  во сегашниов економски систем, се доведуваме во состојба да не оставиме ништо за следните генерации.
Зелената економија, во оваа насока подразбира управување со природните ресурси и со екосистемите на еден одговорен начин, преку одговорно управување да ја подобриме веќе тешката состојба, да ја подобриме свесноста и да овозможиме достапност на природните ресурси  и за генерациите. Исто така ние сме сведоци, тоа е тема веќе десетици години, сега  е повеќе од било кога актуелизирана, дека употреба на фосилни горива и резултатите по климатските промени, интезивната употреба на пластика и производи од пластика, безмилосно исцрпување на природните ресурсите водено исклучиво од идејата за профит е неиздржана позиција, недозволиво однесување, пат без иднина.
ФОКУС: Споменавте дека се важни сите чинители за успех, се разговара ли со локалната власт на оваа тема
Кога вака зборуваме за зелена економија, тоа изгледа како некоја тема што треба да се зборува на некоја округла маса, со некои важни донесувачи на одлуки, тема за конференции и слично, но во суштина зелената економија се однесува на сите, тоа значи дека е подеднакво релевантна тема и  за локалните заедници.
ФОКУС: Колку тие сакаат да се вклучат во целиот процес, сакаат да се вклучат претпоставувам повеќе од било кога изминатиот период?
Ѓорѓи Митревски: Локалната заедница можеби потешко ќе се инволвира во темите како намалување на емисиите на CO2 итаканатаму, но зелената економија подразбира зелено претприемаштво, одржливо земјоделство, принцип на „производот од фарма до маса“ на пример. Тоа се се принципи кои се реализираат на локално ниво, значи директно се однесуваат и на животот на локалната заедница.  Она што е потребно е да се најдат соодветни примери и тие примери да се употребат за да може некако пластично да им се покаже на луѓето во локалните заедници што значи зелената економија за нив.

Поврзани новости