Митревски тврди: Веќе имаме мнозинство од 61

by Фокус

Во овој момент, имаме мнозинство од 61 пратеник, истакна Јован Митревски, координатор на пратеничката група на СДСМ. Тој посочи дека Зоран Заев утре ќе има средба со лидерот на Алтернатива Африм Гаши за новото мнозинство, но, како што вели, не очекува дека брзо да се заврши.

– Тие разговори ќе продолжат и какви места ќе се понудат, тоа е дадено овластување на Заев од ЦО на партијата, и понатаму ќе носиме одлуки низ телата на партијата. Имаме мнозинство во Собранието. Кастриот Реџепи се изјасни дека останува во мнозинството, има и други пратеници со кои се разговара и кои во минатиот период давале поддршка и очекувам тие имиња да се споменат – рече Митревски на ТВ 24.

Поврзани новости