774
Поранешниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски, денеска на прес-конференција соопшти дека Вишиот управен суд ја уважил неговата жалба, по што тој очекува Централниот регистар да го впише како легитимен претседател на ССМ.
-Се покажа дека правдата во Република Македонија функционира – рече Митревски на прес-конференцијата, најавувајќи дека откако ќе ја презеде функцијата ќе соработува со сите синдикати.
Тој во 2017 година беше заменет од актуелниот претседател на ССМ Дарко Димовски.