Митрески: Опозицијата ja блокира работата на комисиите, но и над 30 суштински закони

by Fokus

Проблемот во Собранието е што новото мнозинство не е пресликано во собраниските тела и комисии. Според досегашната пракса, постојат коефициенти според кои се одредува која пратеничка група колку членови или заменици има во комисиите. Во моментов имаме седум комисии каде што мнозинството не соодветствува со вистинското мнозинство во Собранието, кажа координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески во „Утрински брифинг“.

Тој додаде дека ваквата ситуација е настаната по излегувањето на Беса, а влегувањето на Алтернатива во владејачкото мнозинство.

-Оваа ситуација се надминува со разговори на координаторите. Претседателот на Собранието веќе ни ги подели коефицинетите, колку пратеници во секоја комисија треба да има за да се преслика мнозинството. Но, ова што се случува во последните две недели е блокирање на работата на Собранието, кажа Митрески.

Тој додаде дека освен сегашното блокирање на работата на комисиите, опозицијата блокира и околу 30-40 суштински закони, меѓу кои и законот со кој ќе се корегираат платите на вработените во образованието спроед растот на минималната плата.

 

Поврзани новости