(Видео) Митрески од Врховната рада на Украина:„Цврсто верувам дека демократските вредности ќе ја победат агресијата“

by Fokus

Претседателот на Собранието Јован Митрески на покана од претседателот на Верховна Рада, Руслан Стефанчук, по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија на Украина, се обрати на специјалната седница на Врховната рада на Украина.

Пред украинските пратеници и високите гости, Митрески ја потврди цврстата, недвосмислена и решителна поддршка и солидарност за Украина, украинскиот народ и украинските институции и нагласи дека граѓаните на Република Северна Македонија се, и остануваат со граѓаните на Украина за сета помош и поддршка што е неопходна.

„Демократскиот свет е обединет во поддршката на Украина во борбата за правда, одбрана на нејзината територија и одбрана од империјалните апетити на нејзиниот сосед.

Руската агресија врз Украина е предупредување за сите дека мирот, независноста и слободата не треба да се земаат здраво за готово. Цврсто верувам дека, како и досега низ историјата, демократските вредности ќе ја победат агресијата, а соработката ќе се насочи кон разговори за подобар животен стандард, просперитет и развој, културна соработка и размена“ рече Митрески.

Поврзани новости