Митрески: Мнозинството ќе се зголемува поради деструкциите на опозицијата

by Фокус

Очекувам дека ќе се зголеми парламентарното мнозинство, дел од опозициските пратеници ги препознаваат овие деструкции, истакна пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, на ТВ 24. Тој нагласи дека парламентот е блокиран од опозицијата.

-Законот за државјанство поднесен од Алијансата на Албанците и Алтернатива е блокиран со амандмани на ВМРО ДПМНЕ и Левица. Нема ниту еден амандман од мнозинството на овој предлог закон, но, ние ги кажавме нашите забелешки, и според меѓународните конвенции и според експертите, не знам дали можеме со ваков закон да го решиме статусот на некои граѓани – рече Митрески.

Не гледам причина, додава тој, условно македонската опозиција кога блокира закон на условно албанската опозиција дека треба да биде блокирано собранието.

Поврзани новости