Посебно сум задоволен што првиот Указ што го потпишав, како претседател на Собранието, е Указот за прогласување на Законот за употреба на македонскиот јазик, објави на ФБ новиот претседател на Собранието Јован Митрески.
Тој посочува дека новото законско решение предвидува задолжително лекторирање на сите материјали, но и предвидува обврска за задолжително вработување на лектори по македонски јазик во сите јавни институции и органи на владата.
„Македонскиот јазик е заштитен како симбол на нашиот идентитет и посебност. Наша обврска е да го негуваме и унапредуваме, но и да го промовираме на домашен и меѓународен план, каде со мудрите политики и одлуки му обезбедивме рамноправно место со јазиците на сите земји членки на Европската Унија“, стои во објавата на Митрески.