Митрески до Ејуп Алими: Признај дека лажеш за да не ти се смеат и Албанците и Македонците

by fokus

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, одговори на обвинувањата од пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими, кој изјави претходно дека наводно тој и координаторот на ВМРО-ДПМНЕ се договорите да не му биде симнат имунитетот на Трајко Вељаноски.

Митрески тврди дека Алими измилил приказна и бара од него да признае дека тоа е лага. Во неговите тешки невистини, додава Митрески, не  веруваат ни тој, ни кој било друг граѓанин.

„Ејуп измислил приказна дека јас (замислете заедно со координаторот на ДПМНЕ) сум договарал на осомничениот Трајко Велјаноски да не му биде одземен имунитетот.

Е мој Ејуп, слушни се што зборуваш и побрзај да ја признаеш лагата за да не ти се смеат и Албанците и Македонците и сите други.

Знаеш ли дека во жив песок не се мрда? Колку повеќе мрдаш, толку повеќе тонеш. Но и така да биде, на крајот треба да оставиш образ. Срамот не се брише.

Мојот став и ставот на колегите од нашата пратеничка група бил и секогаш ќе биде ист и јасен. Правда за 27 април. Одговорност за организираторите на насилството!

Ние никогаш нема да ја спречиме правдата, без разлика дали се работи за пратеници бидејќи и ние како сите граѓани сме еднакви пред законот. Тоа значи за сите пратеници…и за тие од мнозинството доколку го прекршиле законот.

Јас сум за правда и одговорност за 27 април, а ти?“, напиша Митрески.

Поврзани новости