809
Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, вчера бил примен на Клиниката за кардиологија каде што лекарите констатирале инфаркт, дознава „Фокус“ од свои извори од болницата.
Тој бил донесен од струмичката болница на Клиниката за кардиологија, каде што првично бил сместен, а како што дознаваме лекувањето понатаму го продолжил во приватна болница.