„Димитар Ковачевски и Крешник Бектеши со недели бегаат од одговор на најсуштинското прашање – Зошто ако навистина сакале да нема рудник во Иловица дозволиле фирма на семејството Дестани кое важи за блиско до ДУИ да влезе во сопственичката структура на Еуромакс Ресурсис, и тоа во време кога се води спор по еднострано раскинат договор од страна на владата, со купување на 25% од акциите“.
Ова меѓудругото денеска на прес-конференција го изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Таа вели дека „Ковачевски и Бектеши се обидоа да го протнат овој случај далеку од очите на јавноста“.
„-Зошто пред Дестани да влезе во Иловица владата води хајка против рудникот, и СДС и ДУИ, а откако Дестани презема удел таа хајка запира?
-Зошто Дестани влегува во фирма која во моментот на неговото влегување има спорна концесија? Дали и како знаел дека институциите ќе ја вратат и дали и како знаел дека владата година дена потоа ќе ги спои тие концесии?
-Дали компанијата на Дестани дозволила потребна студија за влијание врз животната средина да ја нема, зошто нашите информации говорат дека таква студија нема и не е доставена, и ако не е зошто не е, ако доставиле нека ја покажат?
-Следствено на третото прашање се поставува прашањето какво искуство има компанијата на Дестани во копање на злато и кои стандарди ќе бидат применети, со оглед на тоа што истата воопшто не работи во таа област. Како тогаш струмичани да веруваат дека почвата во струмичко нема да се контаминира и дека рудникот нема негативно да влијае на животната средина?“ се прашањата кои ги постави Митева.