Митева: Со невидено безобразие СДС и ДУИ со ново задолжување од 190 милиони евра протнуваат со ЕУ знаменце!

by Fokus

„Во Македонија со СДС и ДУИ граѓаните ги немаат основните работи за живот, кои се со Устав и закони загарантирани. Учениците немаат книги, болните немаат лекови, студентите живеат мизерно, фирмите се уништуваат со даноци кои повеќе наликуваат на државен рекет, отколку на солидарен данок, но сето тоа не ја спречува власта да посегне и да ги задолжи и идните генерации. Со невидено безобразие двете задолжувања од 190 милиони евра забрзано се туркаат низ собраниска процедура со европско знаменце. Власта и покрај отворената критика од ЕК во најновиот Извештај токму за примената на европското знаменце, продолжува со злоупотреба на истото“.

Ова денеска на прес-конференција го изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Таа посочува дека „државата ни е енормно задолжена заради расипништвото на СДС и ДУИ. И ова не е крај, власта ќе го зголеми долгот за 500 милиони евра до крајот на оваа година, со што вкупниот долг ќе достигне до 8.5 милијарди евра“.

„Се ќе беше поинаку, ако власта имаше некакви резултати. Но и покрај 8.5 милијарди евра долг, и милијарди потрошени од буџети, нема ниту еден проект или мерка која асоцира на оваа власт, напротив граѓаните ги асоцираат скандали, коруптивни зделки и бизнис интереси. Ги нема автопатите, нема градинки, нема нови училишта, нема ниту учебници, ниту лекови. Нејасно е каде завршија милијарди евра народни пари“ рече Митева.

Поврзани новости