Опозициската ВМРО-ДПМНЕ прашува што бараат луѓе од Шестата управа на местото на сообраќајката кај Стража, во која учествувал и Зоран Милески – Кичеец, кој одлежува затворска казна, ама добил 30-дневен отпуст.
-Согласно информациите кои ги поседуваме, на местото на настанот биле видени и лица дел од шестата управа, цел ден се вршат притисоци врз лица кои биле сведоци на настанот и медиуми да не изнесуваат информации за сообраќајката. Се вршат притисоци за прикривање ова што се случило денес. Власта треба да одговори на јавноста зошто Кичеец е пуштен на слобода и што бараат лица вработени во АНБ на лице место на настанот – рече партиската портпаролка Марија Митева.
Таа меѓу другото истакна дека Кичеец го организирал рекетот врз Миодраг Давидовиќ-Дака во случајот ШИК Јелак.