Митева: Шилегов купил клупи од тропско дрво

by Фокус

Во време на економска и здравствена криза, Град Скопје на чело со градоначалникот Петре Шилегов набавил клупи вредни по 500 евра.

-Клупата во вредност од 500 евра е изненадување за скопјани, 7 даски од тропско дрво вредат 500 евра. Во време на економска и здравствена криза, во време на рецесија ова се небулозни цени за клупи од тропско дрво. Градоначалниците на Скопје, почнувајќи од Златко Марин од Аеродром кој е добро познат по тоа што ги триплицира цените на материјалите, па се до Петре Шилегов склучуваат договори за јавни набавки во кои цените за урбана опрема варираат од година во година. Ако го отворите системот за јавни набавки ќе се забележи дека Град Скопје во 2020 година извршил јавна набавка за клупи од тропско дрво чија единечна цена била скоро 30.000 денари – рече Марија Митева, портпарол на ДПМНЕ.

Поврзани новости