Портпаролке ако може само да ми кажете, како жена, како се чувствувате кога премиерот Мицкоски вчера на пример кажа дека нема да толерира обвинителки коишто имаат добиено кога треба да апсат?
Вака гласеше новинарското прашање што ѝ беше упатено на портпаролката на Владата, Марија Митева прес-конференција. Директен повод е, како што сугерира и наративот на самото прашањето, вчерашниот одговор на прашање на премиерот околу наводите дека претгседателката на Судскиот совет, Весна Дамева вложила заложби да ѝ биде продолжен мандатот за уште неколку месеци.
Во одговорот, тој најави робусна борба против корумпирани судии и обвинители, со кои, како што рече, ако треба ќе се справат и на поинаков начин и меѓу другото рече:
„Сè додека тие луѓе се присутни и во обвинителството и во судството, за жал, ние не можеме да одиме чекор напред во борбата со криминалот и корупцијата и сенките од минатото коишто се дел од тоа политичко мочуриште кое го зароби ги обвинителството и судството. И на секоја седница на Влада го добивам истиот одговор: ‘Да, доставено е’. Што значи дека имаме стотици случаи доставени до обвинителството. Дали вие сте слушнале освен тоа кога на некој обвинител кога треба да потпише налог за приведување или претрес му се слошило, добил дијареја, со гушење, покачена температура или добила итн.
Секогаш тие наоѓаат некаков начин да ја опструираат акцијата на органите на прогонот. Јас сум жестоко разочаран од ова што се случува денеска, но верувајте нема да бидам уште долго, туку ќе влеземе во една робусна акција и ако треба со тие корумпирани судии и обвинители ќе се справиме и на поинаков начин“