Портпаролката на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева изјави дека поранешни функционери од опозицијата се ставиле на располагање на власта за да се внесе раздор межу македонскиот народ.
-На вчерашниот состанок на централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се разговараше за актуелната политичка, економска состојба во Македонија. Дополнително ВМРО-ДПМНЕ и централниот комитет ги реафирмираа ставовите кои што како политичка партија изминатите денови ги презентиравме пред јавноста, а кои што се однесуваат на осуетување на планот кој што го има власта во моментот, изјави Митева на ТВ Алфа.
-Тоа е оската ДУИ-СДСМ и за жал поранешни функционери од опозицијата кои што им се ставиле на располагање на власта се со цел да се внесе раздор во македонскиот народ, во опозицијата и обид да се направи промена на ставот на ВМРО-ДПМНЕ односно на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за неизгласување на уставни измени под бугарски диктат, изјви Митева.
Митева дополни дека централниот комитет ги поддржал и своите 44 пратеници кои што остануваат на ставот дека бугарски промени односно промени на уставот под бугарски диктат нема да се случат.
-Дополнително морам да потенцирам дека централниот комитет даде максимална поддршка на сите 44 пратеници од пратеничката групата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои што остануваат на ставот дека бугарски промени односно промени на уставот под бугарски диктат нема да се случат, рече Митева.
Според неа значајно е тоа што паднаа тезите на СДСМ дека со ВМРО-ДПМНЕ раководи некој друг кои доста долго време го пишуваа во своите соопштенија, прес конференции и слично.
-Она кое е значајно е дека паднаа тезите на СДС кои континуирано ги пласираа во јавноста дека практично со ВМРО-ДПМНЕ раководи некој друг и тоа ако направите една анализа во нивните соопштенија ќе видите дека можеби во 80% беше една теза која што континуирано ја пласираа, изјави Митева.