Митева: Македонската страна прифатила историјата да се учи низ перцепција

by fokus

Историјата да се учи низ перцепција. Ова е еден дел од договореното за што Бугарија прогласува успех, рече денеска на прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

-И нашиот предлог бил дека постојат различни перцепции, дека не постои една единствена вистина. Ова е штетната матрица низ која се водат преговорите со Бугарија на сметка на македонскиот национален идентитет. Ова е начинот на кој власта ги урива преговарачките процеси, го става македонскиот народ во подредена положба со цел да се согласи за работи кои ќе задираат во македонскиот јазик и историја, вели Митева.

Таа додава дека самиот Османи изјавил дека во иднина кога ќе бидеме во позиција треба да кажеме дека имаме разбирање за сите аспекти.

-Секој ден имаме нови порази, секој ден власта молчи за скандалите дека македонски службеници работеле против интересите на Македонија. Што правеа Османи и Ковачевски до сега, како им се случувале вакви скандали пред нивни очи без притоа да преземат каков било чекор кој би го спречило тоа? Кои се тие службеници на Османи кои работеле против договор и што презема владата за тоа?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости