Митева: ДУИ гласаше за реорганизирање на државната управа без можност да условува

by Фокус

Во текот на вчерашниот ден во Собранието се изгласаа измените на Законот за изменување и дополнување на организација на работата на органите на државната управа, со кои конечно ќе овозможиме реорганизирање на државната управа, со цел комплетна ефикасност, рационализација и транспарентност на институциите во државата, изјави Марија Митева, пратеник и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Законските измени кои беа дел од изборното ветување, беа работени и со претставници на ЕУ и истиот е дел од ИПА програмата. Покажавме силен капацитет во собранието, покажавме дека ВМРО-ДПМНЕ умее да води конструктивен политички дијалог за обезбедување на 2/3 мнозинство низ предлози кои решаваат системски и важни прашања за нашите граѓани.

За првпат по долги години, парламентарното мнозинство, предлага закон за структурни реформи, кој во својата суштина е развоен и трансформативен, со што не се остави простор за негово проблематизирање на ниту една партија која нема задни намери истиот да не го поддржи – рече Митева.

Според неа, за првпат претставниците на ДУИ гласале без можност да условуваат, затоа што, како што рече, законските измени се реформски и транспарентни.

-И во таква ситуација никој никого за ништо не може да уценува. Ова е начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи и во иднина. Сите законски измени и систематски промени ќе бидат работени низ јасна процедура, со јасен и недвосмислен законски наратив, кој нема да остави простор за проблематизирање и блокирање од било кого.

За разлика од порано кога СДС протнуваше закони за остварување на криминал и корупција, денес разговараме за реформски закони. Промените почнуваат, следува економска трансформација на Македонија, забрзана евроинтеграција и силна и посветена борба против криминалот и корупцијата – рече Митева.

Поврзани новости