Мистериозното исчезнување на девојка и момче во Србија: Тој е пронајден мртов, од неа нема трага

by Fokus

Многу неодговорени прашања има во случајот со исчезнатиот млад пар Тамара Новаков и Елвис Николиќ од Банат, Србија. Имено, сè започна уште на 19 октомври, кога и двајцата беа видени последен пат. Потоа заедно заминале во непознат правец и со денови не контактирале со семејствата. Иако на прв поглед може да се помисли дека се работи за двајца млади кои можеби сакале да избегаат или да патуваат, ситуацијата се искомплицирала кога стигнала веста дека Елвис Николиќ е пронајден мртов.

Од Тамара се уште нема траги, а обдукцијата утврдила дека нејзиното момче починало како последица на давење. Како телото завршило во каналот се уште е мистерија која треба да ја расветли полицијата во Панчевац, додека семејството на Тамара се уште е загрижено не знаејќи што и се случило.

На 27 октомври телото на Елвис беше забележано во каналот Дунав – Тиса – Дунав, во градот Јаношик кај Алибунар и веднаш беше испратено на обдукција за да се утврдат причините и начинот на смртта, иако во првите моменти сите знаците укажувале дека младиот човек се удавил бидејќи на неговото тело не биле пронајдени знаци на напад.

Овие сомнежи ги потврди и Вишото јавно обвинителство Панчево, кое соопшти дека смртта настапила поради давење, а Елвис бил погребан три дена подоцна, на 30 октомври, на локалните гробишта во селото Локве.

За тоа време нема информации за Тамара Новаков. Во моментот на исчезнувањето девојката носела фармерки, бела маичка, зелена јакна и црни тениски чевли. Нејзиното семејство, паралелно со полициската потрага, се организирало и самото започнало со претресот. Сепак, до ден денес не е познато што се случило со неа.

Саманта Новаков, сестрата на исчезнатото девојче, проговори за тоа што му претходело на исчезнувањето на младиот пар.

„На 19 октомври ја посетија мојата и сестрата на Тамара Кристина и таму се скараа. Елвис дури и удри два шлаканици на Тамара, а таа му возврати. По таа непријатна глетка заедно заминаа од куќата на сестра им и оттогаш никој од нив не контактирал“, изјави сестрата за белградските медиуми. Таа објасни дека исчезнувањето веднаш го пријавиле во полиција и дека била уште позагрижена бидејќи дотогаш никогаш не се случило Тамара едноставно да замине и да не контактира со семејството.

„Таа одеше кај нејзиното момче на неколку дена, но секогаш се јавуваше и секогаш знаевме каде е. Меѓутоа, откако вечерта и двајцата излегоа од куќата на нивната сестра, и откако се скараа и си удриле шлаканици, никој ништо не знаеше за нив, па решивме да го пријавиме нивното исчезнување во полиција“, рекла сестрата.

Неколку дена по исчезнувањето, семејството на Тамара ја добило страшната вест дека Елвис е пронајден мртов. Сепак, велат дека не губат надеж дека Тамара некаде е жива, пишува Нова.рс.

Поврзани новости