Мистериозна смрт во Русија – пронајдени мртви директорката на руска државна телевизија и нејзиниот екс сопруг

by Fokus

Извршната директорка на руската државна телевизија Кубан – Зоја Коновалова (48) е пронајдена мртва во нејзината спална соба, додека телото на нејзиниот 52-годишен поранешен сопруг Андреј Губатика е пронајдено во близина.

Телата на Коновалова (48) и нејзиниот екс сопруг се пронајдени во нивната семејна куќа во Краснодарскиот крај, во близина на воената зона.

– При прегледот на телото не се констатирани видливи повреди – изјави портпаролот на рускиот истражен комитет, кој ги истражува смртните случаи.

Поранешниот пар имал ќерка (15) и возрасен син.

– Прелиминарната причина за смртта е труење од непозната супстанца – се наведува во извештајот на нејзиниот канал.

Светските медиуми јавуваат дека фрагмент од полимерна кеса со „прашкаста материја“ е пронајден во куќа во Краснодар, додека нејзините колеги и пријатели инсистираат дека новинарката никогаш да не се дрогирала.

Се верува дека мажот и жената биле мртви најмалку 24 часа пред да бидат пронајдени нивните тела.

Инспекторите спроведуваат низа мерки за проверка со цел утврдување на околностите и причините за инцидентот. Договорени се судско-медицински вештачења.

Од почетокот на војната на Путин со Украина, пријавени се десетици мистериозни смртни случаи на истакнати Руси.

Поврзани новости