587
Во Аргентина во текот на минатата недела се регистрирани три смртни случаи, од засега непознат вид на пневмонија, чија причина се уште не е позната. Сите починати лица биле хоспитализирани во една клиника во северозападната провинција Тукуман.
Од воспаленија моментално боледуваат вкупно шест лица, од кои пет се медицински работници. Од мистериозна респираторна инфекција починале и двајца здравствени работници и еден пациент, пишува Independent.
Додека пак, од шесте лица кои се заразени, четворица се во тешка состојба и се во болница, а двајца се во домашна изолација.