410
Во собата на прифатниот центар во Обреновац денеска во локва крв е пронајдено тело на млад маж на возраст од околу 20 години, а се уште не се знае дали се работи за самоубиство или убиство.
Според неофицијални информации, „Пинк.рс“ пишува дека семејството на младиот човек е по потекло од Косово.
Настраданиот наводно бил пронајден помеѓу два плакари.
Неговото тело го пронашла неговата тетка, а според медиумите, бил кај братот на неговата тетка.
Екипата на итната помош го однела телото на човекот во зградата пред која бил пронајден. Станува збор за камп кој се користи за колективно сместување.