Потребни ни се функционални и одговорни институции кои ќе можат да испорачаат видливи и ефективни резултати кои ќе бидат во линија со преговарачката рамка од Европската комисија, за да можеме да ги отвораме поглавјата за членство во Европската унија. Ова го порача потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски денеска во Крушево.
-Имајќи предвид дека неодамна имавме предвремени парламентарни избори и во очекување сме на одржувањето на конститутивната седница на Собранието, апелирам до сите политички чинители, без оглед дали се власт или опозиција, сите кои сме добиле одговорност да ја водиме државата доверена од граѓаните, со визија и мудрост да ја оправдаме нивната доверба и да ги исполниме ветувањата и заложбите дадени пред нив, рече Мисовски.