Ова е лицемерие колеги од ВМРО-ДПМНЕ, имавте обврска до 7-ми месецов, сведоците од вашата партија да достават датум кога ќе можат да бидат сослушувани. Зошто Никола Груевски не го испочитувал тоа што пратеникот Павле Созадов јавно го направил на оваа седница?, праша пратеникот на НСДП, Горан Мисовски, на денешната седница на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето на која требаше да сведочи премиерот Никола Груевски.
Мисовски истакна дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Павле Саздов си земал за обврска да им се обрати на првите луѓе од партијата со цел во догледно време да одговорат кога ќе можат да присуствуваат на седница на Комисијата каде ќе бидат сослушувани.
-Колегата Саздов јавно ги повикал сведоците, сите шест, најдоцна до 7-ми декември да достават известување за нивните активности и да ја известат Комисијата за нивната евентуална спреченост. Ова колеги од ВМРО-ДПМНЕ е крајно несериозно од ваша страна и крајно лицемерно, рече Мисовски.