На самиот старт со отворањето на постапката за избор на нови раководства, групата од десет членови на чело со Горан Мисовски и Соња Мираковска и сите останати функционери што се на листа на НСДП на сите државни функции, зазедоа став дека на партијата не и требаат повеќе кандидати, што е спротивно на програмата на партијата, изјави во интервјуто за Утрински брифинг, Тито Петковски.
-Тука не станува збор за внатрепартиска демократија и натпревар со програми. Од самиот старт оваа група зазема став дека не треба да има повеќе кандидати и дека Горан Мисовски треба да биде единствен, вели Петковски.
Тој изрази жалење што младите сили на партијата нема да добијат шанса да ја претстават својата програма и ставови. Според него Мисовски дури и одбил дуел со противкандидатот Кристијан Трајковски, што сега веќе не е можно.