Мисовски: Мицковски знае дека ќе ги загуби изборите, ама сака да ги замени пратениците на ВМРО

by Фокус

Пратеникот од НСДП Горан Мисовски, на денешната седница за уставни измени, истакна дека постојат две можни сценарија – прифаќање на договорот од Преспа, што, според него, ќе овозможи влез во ЕУ и НАТО со гарантиран идентитет, или, пак, предвремени парламентарни избори.

-Анкетите ги имате и вие и и ние и знаете дека коалицијата на СДСМ ќе победи на тие избори. Ама желбата на Мицковски е да ве замени вас и да постави во пратеничката група негови колеги и пријатели – рече Мисовски, реплицирајќу му на Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој порача дека повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски претставува квазипатриотизам и повик, како што рече, дека треба да јадеме корења.

– Јас не го сакам тоа, тук сакам да ја видам Македонија во друштво на најразвиените и најбогатите држави – истакна пратеникот од НСДП.

 

 

Поврзани новости