Извршниот одбор на НСДП за единствен кандидат за претседател на партијата го утврди актуелниот пратеник и потпретседател на Собранието, Горан Мисовски, информираат од НСДП.
-Извршниот одбор на НСДП на 26-тата седница одржана на 11 мај 2022 година врз основа на евидентираните предлози за претседател на НСДП од општинските организации, а согласно Правилникот за постапката, начинот и критериумите за кандидирање и избор на делегати за Петтиот Конгрес на НСДП, кандидати за претседател на НСДП и кандидати за членови на Централниот одбор и Надзорниот одбор на НСДП, на Централниот одбор на НСДП кој ќе се одржи на 14.5.2022 година му предлага да донесе Одлука за утврдување на единствен кандидат за претседател на НСДП: – Горан Мисовски, потпретседател на НСДП. Предлог-одлуката беше усвоена со мнозинство гласови, односно со 10 гласа ЗА од вкупно 17 члена на Извршниот одбор, се наведува во партиското соопштение.