Мисовски: Газите на теписон од 100 илјади евра

by fokus

Седите во најскапата партиска зграда во Европа, Вие ли најдовте да зборувате за корупција и криминал, му рече потпретседателот на Собрание и пратеник од НСДП, Горан Мисовски на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

-Сликите во неа коштаат по 10 000 евра, теписонот е од 100 илјади ева, ЛЦД ѕидови од 100 илјади евра, како ја стекнавте таа зграда, за неа се води судски процес во моментов, немате вие право да зборувате за криминал и корупција колега. Овие неколку години извештајот на главниот ревизор се објавува во собрание вие не дебатирате за тој извештај. Значи или нема корупција или вас тоа не ве интересира, рече Мисовски.

Поврзани новости