Мисовски до Мицкоски: Дали има договор за ДУИ да се врати во Влада?

by Fokus

На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот Горан Мисовски од НСДП, го праша премиерот Христијан Мицкоски дали има договор ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ да се вратат во Влада.

„Дали подготвувате терен за да го вратите ДУИ во Владата? Дали намерно создавате тензија во државата и нарушена безбедност?“, праша Мисовски.

На тоа Мицкоски му одговори дека треба да ги осуди оние за кои има основано сомнение.

„Сигурен сум г-не Мисовски во оваа просперитетна и сигурна Македонија која ја предводи оваа влада, ќе биде пример како треба да ги осудите оние за кои има основано сомневање за сторен криминал. Или ќе соберете храброст да ги осудите оние кои вас ве понижуваа жонглирајќи во канцелариите играјќи фудбал. И самите тие сега велат дека погрешиле, но вие и натаму не ги осудувате“, рече Мицкоски.

Поврзани новости