559
Словенечка болница од Целје направила грешка со промена на идентитетот на двајца пациенти, од кои едниот бил починат, а другиот жив.
Семејството на едниот пациент кое добило тело од починат човек, веќе го направило и погребот мислејќи дека го закопуваат нивниот роднина.
Но, по неколку дена тој се вратил жив до домот за стари лица кадешто престојувал.
Министерот за здравство Бешич Лоредан изјави дека ова е прв ваков случај во Словенија. Словенечката полиција отвори истрага, а раководството на болницата понудило оставка.